ИСТОРИСКА ЕВОЛУЦИЈА НА КОШУЛАТА

Историската еволуција на кошулата се провлекува низ 20-тиот век и тогаш станува најважен дел од машката гардероба, се повеќе врзан за деловен изглед.

Кошулата станува се поприсутна, благодарејки на големата достапност на памучни ткаенини, ткаените материјали во тој период почнуваат да се фарбаат, што на кошулата и дава доза на иновативност. Рекламирањето станува нов начин на комуникација, па се појавуваат се поудобни и различни модели, така што во периодот што следи кошулата се повеќе се прифаќа како основен елемент од облека и станува дел од облеката кој се носи без сако.

Американското влијание допира до Европа во 30-тите години и шири приказна за разновидност и мултиетничка популација. Панталони и кошула стануваат нова униформа која масовно се носи насекаде во светот. Втората светска војна ја носи  американската military кошула: практична благодарејќи на џебовите и врвците – кои многу влијаат на спортските кошули и модата за млади за периодот кој следи. Со појава на western  и каубојска кошула, тие стануваат протагонисти дури и на модата на филмското платно. Привлечени од американскиот  мит,  новите европски генерации почнуваат да носат откопчани кошули пробувајќи така да се  “ американизираат “.  Со белата кошула доаѓа и нова социјална класа формирана од мал градски слој кој доаѓа од централна Италија и претежно ја сочинуваат луѓе кои работат во банки и министерства .

Во екот на 20 тиот век кошулата веќе се раширува низ сите друштвени слоеви, од мали до висока буржуазија. Но нема да биде само дел од историјата на модата, ќе карактеризира дури и политички аспекти, од  национализам и азурно плава кошула до фашизам и црна кошула, па се до кафена кошула и националсоцијализмот на Хитлер. Со еден збор кошулата била голем дел од историјата низ неколку векови, низ кои сменила форми, правена е од најразлични материјали, карактеризирала различни друштвени слоеви, деловни контексти и имала голема хигиенска вредност .