КОШУЛАТА НА ДЕЛОВИ

КРАГНА

Крагната на кошулата е најкомплициран дел во процесот на производство на кошула. Постојат многу стилови на крагни и постојат различни мислења за тоа дека одреден тип на крагни одговараат на одреден облик на лице. Армариум Ве советува да го носите тоа во што Вие се чувствувате најдобро, но доколку сакате да ги следите правилата еве неколку совети:

Ако имате  широко лице одлучете се за релативно тесно издолжена крагна, која што ќе Ви помогне да ги издолжите цртите на лицето, додека пак доколку имате  издолжено лице по правило треба да изберете поширока крагна.

Кој стил да го изберете, Вашата крагна треба да биде околу 1см над сакото. Вистинскиот избор на крагната може да го проверите така што измеѓу крагната и Вашиот врат треба да има простор од 1-2 прста. Армариум Ви нуди голем избор на модели на крагни.

 

МАНЖЕТНА

Изборот на манжетна во основа е предмет на личен вкус, но постојат убедувања дека косо сечените ивици допринесуваат за повеќе елеганција. Кој облик и да го изберете придржувајте се до едно правило: манжетната треба цврсто да стои на зглобот така што не можете да ја извлечете раката кога е закопчана. Во спротивно манжетната, а најверојатно и ракавите се прешироки за Вас.

 

 

 

ПРЕДНО ЗАКОПЧУВАЊЕ

Симетричен изглед на кошулата и дава предното закопчување. Се поставува од крагната до дното на кошулата и на него се наоѓаат отвори за копчиња. Можете да се определите за скриено копчање каде што лајсна ги покрива копчината и копчињата не се гледаат или за класичен крој со видливи копчиња. Повеќето кошули имаат седум или осум копчиња на предниот дел.

Машките и женските кошули ке ги разликувате по преклопот кој на машките кошули треба да е од лева на десна страна, а на женските обратно.

 

РАКАВИ

Кошулите со долги ракави важат за поделовен избор од кошулите со кратки ракави. Сепак кодексот за деловно облекување го има одредено компанијата каде што работите или е Ваш личен избор. Ракавите во повеќето случаи може да се носат подвратени. Важно е да ја одредите вистинската должина на ракавите, идеалната должина подразбира манжетната на ракавот да завршува еден сантиметар под зглобот на раката. Најдобро е манжетната од кошулата да биде за еден сантиметар подолга од сакото.

КРОЈ НА КОШУЛАТА

Кога се одлучувате за еден од трите типа на крој: струкирана, рамна, проширена, Вашиот избор ќе зависи од Вашата градба, Вашиот стил, како и намената за која ја носите. Елегантни и бизнис кошули секогаш носете ги прибрани во панталоните.