НЕКОЛКУ СУГЕСТИИ ЗА ДЕЛОВНИ ЛУЃЕ

За да изградите и пренесете добра слика за себе, важно е да изберете вистинска комбинација на облека, незаборавајќи ги своите лични особености и прилики. Генерално гледано, деловниот стил е базиран на класична облека како што се одела, капути, кошули, кондури, кравати и часовник. Добра идеја е да во Вашиот гардеробер направите посебен простор за деловна облека како би можеле брзо да ја одберете правата комбинација. Посебно внимание треба да обрнете на кошулата за работа, на квалитетот на ткаенината и величината, која што ќе Ви обезбеди удобност во текот на целиот ден.

Оделата се важен дел на деловна комбинација. Пожелно е да ги имате во најмалку две класични бои – црна, тегет или сива . Ако сакате оригиналност можете да изберете модерен крој на одело, елече, јакна со дупло копчање  или елегантен капут.

Деловната кошула треба да биде изработена од природни, квалитетни ткаенини и во идеална величина, која одговара на Вашата фигура за да може без проблем да ја носите цел ден под одело. Најдобро е да имате неколку варијанти – класична и елегантна бела и светло сина нијанса, на тенки риги со различни дезени на манжетни. Ако сакате да ја издвоите Вашата личност, деловната кошула можете да ја изберете во некоја друга боја или дезен, но пожелно е да биде во светла нијанса .

И на крај дел без кој не се може се пар кожени црни или кафени чевли.

Секогаш имајте на ум дека Вашиот стил говори за вас, има влијание на изградената слика за Вас кај другите луѓе. Прилагодете ги деловните комбинации на својата личност, но немојте да одите во крајност со интензивни бои и премногу истакнати детали.

Кога станува збор за деловен стил класиката и едноставноста се сигурен избор.