ПРОДОЛЖЕТЕ ГО ВЕКОТ НА ТРАЕЊЕ НА ВАШАТА КОШУЛА

Доколку на вистински начин ја одржувате Вашата кошула, таа може да трае со години. Прочитајте ги нашите мали совети како би го продолжиле векот на траење на Вашата кошула. Ова се однесува на памучните ткаенини. Кошули изработени од друга ткаенина може да бараат друг начин на одржување. Според тоа Ве молиме обрнете посебно внимание на упатствата на внатрешните  етикети.

 

Пред перење:

Откопчајте ги сите копчиња, испразнете ги џебовите и извадете ги фишбаните. Кошулата свртете ја од обратната страна. Прочитајте ги инструкциите за перење.

После перење:

Пожелно е да ја исушите Вашата кошула природно, без центрифуга. Лесно исправете ја кошулата држејки ја за штеповите и ставете ја на закачалка.

Пеглање :

  • Раширете ја крагната рамно на даската за пеглање и пеглајте ја внатрешната страна, од ивицата кон средината
  • Пеглајте ја другата страна на исти начин
  • Пеглајте ги манжетните прво одвнатре, па потоа однадвор
  • Ракавите пеглајте ги на исти начин
  • Поставете ја затворена (незакопчана) кошулата рамно на даската и пеглајте ги најпрво страничните штепови, а потоа предните делови на кошулата
  • Свртете ја кошулата обратно и пеглајте го грбот на кошулата

Начин на чување:

Секогаш чувајте ја Вашата кошула закачена во гардеробер и закопчана на крагната.

Напоменуваме секогаш внимателно да го читате упатството на внатрешните етикети и да ги следите препорачаните упатства.