САКАТЕ ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ МАТЕРИЈАЛИТЕ ?

Доколку имате желба да ги разгледате материјалите во живо, за да бидете сигурни во Вашиот избор можете да не посетите на ул. 11 Октомври бр.86 влез 3, стан бр.8 во нашите простории, каде може да ги разгледате сите понудени материјали преку нашите каталози.

За подетални информации и закажување на средба со службата за клиенти може да се обратите на телефонскиот број +38978 233 033 /+38970 329 439 / +38970 659 211

 

 

OXFORD PREMIUM ТКАЕНИНИ

Oxford ткаење е ткаење во кое една нитка се преплетува со секоја друга нитка од основата. Кошула изработена од Oxford ткаенина е потешка и поиздржлива од другите.

Oxford е тип на ткаен материјал кој е посебно погоден за да неформалните кошули ги претстави како формални. Oxford ткаењето има богата структура што на кошулите им дава или модерен или неформален изглед, во зависност од облеката со која се носи. Често се користи кај кошулите со прицврстена крагна со копчиња.

Армариум во својата понуда има вклучено неколку бои на Oxford материјали, која постојано ја надополнува.

 

PОPLIN ТКАЕНИНИ

Pоplin е ткаенина во која предивото е потешко од основата на ткаенината, што ја прави мазна и нежна. Многу е лесен и како материјал иако оргинално потекнува од свила, денес се прави од волна, памук, свила и од мешавина на овие компоненти. Кошулите изработени од Pоplin не се гужваат многу и се лесни за пеглање.

Погледнете некои од памучните материјали со Pоplin ткаење кои се наоѓаат во нашата понуда.

 

      ПАМУЧНИ  МЕШАВИНИ

Сите памучни материјали за кошули се состојат од единечно или двојно ткаење. Единечното или просто ткаење е основен стил на ткаење каде предивото се ткае унакрсно со основата на начин  со кој се произведува ефект на коцкички. Двојното ткаење значи испреплетени две предива кои се цврсто исткаени во основата, кои резултираат со мазна и јака ткаенина.

Покрај  материјалите од чист памук постојат и различни мешавини на памук и еластин, како и памук и полиестер. Еластинот се додава во памукот заради зголемување на еластичноста на ткаенината, со самото тоа и нејзината удобност.