ТРИ ВИДА КОШУЛИ КОЈ СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГИ ИМА

Гардероберот на добро облечен човек нема да биде комплетен без убаво скроени кошули кои можат да се носат на работа и во слободно време.  Добра кошула е направена од квалитетни природни материјали и со величина која  Вам Ви одговара.

Бела кошула:

Не постои ништо помодерно од бела кошула. Таа е класичен предмет од облеката, која не излегува од мода и затоа вреди да се инвестира во една квалитетна бела кошула.

Дизајнирана кошула:

Доколку сте уморни од едноставни,  еднобојни кошули,  комбинирајте ја Вашата деловна облека со дизајнирана кошула. Традиционалниот дизајн се менувал со години, па кошулите се достапни во различни дезени, како на риги, шарени и карирани.

Впечатлива кошула:

Секоја современа личност треба да има кошула која може да ја носи со фармерки,  без кравата и други додатоци во која ќе изгледа елегантно, а сепак неформално. Ако сакате да се издвоите изберете посебни шари во интензивни бои. За малку поедноставен изглед определете се за необично дизајнирани  крагни, кои се повеќе од просечни или се како и манжетните во други бои .