Политика за начин и приватност

Кosula.mk е во сопственост на правното лице Армариум груп ДООЕЛ Скопје, ул. 11 Октомври бр.86 влез 3, стан бр.8, во понатамошниот текст kosula.mk

Kosula.mk ги нуди своите услуги во склад со правата и обврските поставени во овој правилник. Секоја употреба на оваа веб страна, подразбира дека се сложувате со нашиот правилник. Доколку ги прекршите условите поставени во овој правилник ние имаме право да одбиеме да направиме услуга за Вас, или да ги прекинеме сите нарачки што се на чекање. Kosula.mk го задржува правото да ги изменува или ревидира овде поставените услови во секое време и секоја употреба на оваа веб страна значи и прифаќање на истите. Затоа Ве молиме да ги прочитате следните изјави.

Употреба на веб страната

Сите делови на оваа веб страна во целост припаѓаат на kosula.mk. Секоја репродукција, дистрибуција, модификација или превземање на било кој дел од оваа веб страна, без дозвола на kosula.mk е строго забранета. Содржината целосно, односно текст, икони, слики, графика, аудио, видео и софтвер фајлови се ексклузивна сопственост на kosula.mk и се заштитени со законот за авторски права. При правење на нарачка сите податоци добиени од Вас се зачувуваат во нашата база исклучиво за намената за која се оставени. Доколку некој неовластено ги користи Вашите податоци, Ве молиме веднаш да не известите.

Гаранција на квалитет

Фотографиите од готовите производи и материјали покажуваат точно како изгледа нашиот производ. На графиката на специјалниот конструктор се потрудивме да го илустрираме Вашиот дизајн што повеќе до реалноста. Меѓутоа специјалниот конструктор е поставен заради подобра визуализација и кошулите кои ќе ги примите можат малку да се разликуваат од сликата на конструкторот, односно секогаш се поубави во живо, отколку на визуелниот конструктор :) Кошулите кои се направени од ист материјал, но од различни ролни може да се разликуваат заради промена во процесот на ткаење и боење. Од оваа причина две кошули направени од ист материјал може да се разликуваат, доколку се нарачани во различно време. Доколку мерките или дизајнот на Вашата кошула што ќе ја добиете не се совпаѓаат со нарачката, ние ќе Ви изработиме нова кошула бесплатно. Ние сме одговорни за квалитетот на производот кој Ви го доставуваме, а вие сте одговорни за информациите кои ни ги давате при нарачка.

Достава

Доставата се врши на адресата која сами ја впишувате. Доставата се врши бесплатно на регион Скопје и околни подрачја, и со минимален надомест на регион на цела Македонија. Доколку сакате да ја доставиме Вашата нарачка на друга адреса, наведете ја. Рокот за достава на нарачката е од 7 до 15 работни дена.

Виша сила

Kosula.mk не одговара за неизвршените услуги доколку тоа е резултат на влијание на виша сила. Односно кога е спречен да ги исполни своите обврски под влијание од надворешни случувања кои се вон негова контрола. Во случај на виша сила договорот се смета за прекинат без право за рефондација на клиентите. Под виша сила подразбираме тероризам, законски промени кои влијаат на процесот на работа, природни катастрофи, како и сите други ситуации кои се вон наша контрола.

Услови и рекламација

Условите и рекламација се во склад со Законот за заштита на потрошувачот. Потрошувачот има право на рекламација на купениот производ, заради видлив недостаток на испорачаниот производ во рок од 30 дена од приемот на производот.

При рекламации купувачот е должен да:

  • Рекламацијата да ја пријави на e-mail info@kosula.mk
  • Во мејлот да се повика на бројот на нарачка и датата на купување која е добиенa при испораката
  • Да даде прецизен опис на рекламацијата
  • Да ја чува оригиналната фискална сметка или фактурата
  • Производот не смее да биде оштетен, носен, перен и користен

Рекламација може да се изврши во следни случаи:

  • Кога кошулата не е сошиена по доставените мерки
  • Кога по испораката на производот, материјалот од кој е сошиен има видливи физички оштетувања
  • При дизајнирање на кошула по сопствен избор, доколку доставената кошула не е изработена од материјалот кој купувачот го избрал

Од горе наведеното, купувачот нема право да го рекламира производот ако недостатокот на производот настанал поради негова вина, односно не дал правилни мерки, одржување и перење на производот кои не се во согласност со упатство за одржување и друго. Доколку се увидат неправилности од страна на купувачот, барањето за рекламација ќе биде одбиено. Kosula.mk има обврска потрошувачот да го извести за донесената одлука во врска со рекламацијата во најкраток можен рок, а највеќе до 7 работни дена по приемот на рекламацијата и да ги изврши поправките во рок од 30 работни дена. Доколку рекламацијата е основана заради недостаток на производот, купувачот има право на: отстранување на недостатоците, замена на купениот производ за нов или повраток на платениот износ во висина на малопродажната цена на тој производ на денот на купување. Kosula.mk ги задржува сите права за промена на цените на производите, ако купувачот порачал производ по една цена и со таа цена ја примил нарачката на куќна адреса, а после тоа цената е намалена, купувачот нема право на повраток на средствата.

Developed by Digital Present