ЗА НАС

Армариум е нов бренд на македонскиот пазар кој што Ви нуди единствена можност да дизајнирате кошула од Вашите соништа, дизајнирана по Ваша желба и кроена по Ваши мерки. Вашата кошула од соништата ќе биде изработена со помош на специјалниот конструктор на следниот линк www.kosula.mk Поголемиот дел од нашиот асортиман се изработува по системот MTM , односно made-to-measure, што значи изработено по мерка. Армариум произведува готови кошули, кошули по Ваша мерка и Ваш дизајн, како и лептир машни и марамчиња за сакоа и секаков вид на модни додатоци за деловен и casual стил. Ова е единствен бренд во Македонија кој што има индивидуално производство во однос на задоволување на Вашите желби. Сите производи од брендот Армариум се изработени од високо квалитетни материјали со потекло од Холандија, Италија и Германија.

Специфично е тоа што материјалите најчесто не се повторуваат и секогаш се во ограничена количина на залиха. Продажбата на производи од брендот Армариум се одвива ON-LINE како и во просториите кои се наоѓаат на ул. 11 Октомври бр.86 влез 3, стан бр.8. За подетални информации и закажување на средба со службата за клиенти може да се обратите на телефонскиот број +38978 233 033 /+38970 329 439 / +38970 659 211. Службата за клиенти ќе Ви помогне да го изберете Вашиот идеален дизајн и да го пронајдете Вашиот идеален конфекциски број.

Армариум гарантира 100 % квалитет! Производството се основа на високо квалитетни изработки со дефинирани стандарди и контрола на квалитет. Со бесплатна достава на ниво на г.Скопје и минимална цена за други градови во Македонија ќе уживате во Вашата кошула од 10 до 15 работни дена од моментот на нарачката

Individuality is the new dress code!

Дизајнирај ја твојата кошула

Одбери Материјал

Внеси ги твоите мерки

Developed by Digital Present